
Леона Танасковска Јакимовска
Инструктор, танчер (Модерен и современ танц, хип хоп, зумба и аеробик - за деца и возрасни)
Родена е 1994 година во Скопје, Македонија.
Дипломиран менаџер по човечки ресурси.
Танц -Со танцот прв пат се запознава во балетското студио Ребис, на 4 годишна возраст. Од тогаш е редовен член на Ребис, ги посетува часовите за сите стилови на танц, редовно настапува и се натпреварува. Својот талент и љубовта кон танцот денес ги пренесува на членовите на Ребис. Освен за деца, држи часови по аеробик и зумба за возрасни. Има освоено голем број награди и признанија во Македонија, на меѓународно ниво и во Европа. Во 2009 година бeшe дел од семинарот на познатиот кореограф на Мајкл Џексон- Анжe Шкрубе . Од многубројните учесници , доделени беа само 10 признанија за успешно изработен семинар меѓу кои беше и Леона.
Настапи и спотови со познати личности - Сaњa Ѓoшeвa, Роберт Билбилов , Магдалена Цветковска, Куку Леле, Тони Зен, Слаткар, Дани Димитровска, Тамара Тодевска и многу други.
Манифестации и ТВ - Учесник е на бројни важни манифестации меѓу кои се Скопски фестивал, Новинарите пеат, Златна бубамара на популарноста. Учествува на голем број настани и настапи за брендови.
Дел е од ТВ емисии и настапи, интервјуа, новогодишни емисии и тоа како играч, гостин или претставник на Ребис.
Дипломи- Последен и највисок завршен курс за кореограф и инструктор во Ребис, соло на Шибеник танц фестивал 2010 и многу други дипломи како учесник или кореограф, од натпревари во Македонија и пошироко

Емилија Кузмановска
Инструктор, танчер (Модерен и современ танц, хип хоп, зумба и пилатес - за деца и возрасни)
Родена е 1999 година во Скопје, Македонија.
Дипломиран преведувач и толкувач од англиски на македонски јазик и обратно
Танц -Со танцот прв пат се запознава во балетското студио Ребис, на 7 годишна возраст. Од тогаш е редовен член на Ребис, ги посетува часовите за сите стилови на танц, редовно настапува и се натпреварува. Својот талент и љубовта кон танцот денес ги пренесува на членовите на Ребис. Освен за деца, држи часови по зумба за возрасни. Има освоено голем број награди и признанија во нашата земја и на меѓународно ниво.
Манифестации и ТВ - Учесник е на бројни важни манифестации меѓу кои е Златна бубамара на популарноста.
Дел е од ТВ емисии и настапи, интервјуа, новогодишни емисии и тоа како играч, гостин или претставник на Ребис.
Дипломи - Последен и највисок завршен курс за кореограф и инструктор во Ребис

Искра Иваноска Крстевска
Посветена и страствена инструкторка со повеќе од 10 години искуство во светот на танцот. Обучена во класичен и современ балет со докажано искуство како изведувач и инструктор. Вешта во работа со мали деца, поттикнувајќи ја нивната љубов кон танцот.
Родена е 2001 година во Скопје, Македонија.
Учествувала на бројни познати настапи, натпревари и медиумски проекти. Завршува образование во 2020г. во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј” во класата на проф. Александра Кочовска Начова. Во 2018г. асистира на главните инструктори, помагајќи во загревање, кореографија и управување со часовите.
Станува инструктор во 2019г. во Балетско студио Ребис на деца на четиригодишна возраст. Била дел од многубројни меѓународни семинари по танцова техника и кореографија. Учесник е на Златна бубамара на популарноста, како и натпреварувач на интернационални танцови натпревари. Учествувала во ТВ емисии и видео записи на македонски музички артисти.